Direk yükle

 ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА

   

 

ДЕКАН

ALI.ILKER

Доц. д-р Ајбејан СЕЛИМ
[email protected]

На Факултетот за информатика ги следиме светските трендови и на студентите им обезбедуваме неоопходни средства за современа настава. Како центар на знаење, ние сме посветени на создавање, ширење и зачувување на знаењето, како и негова примена за општо добро на човешвото. Ние во наставниот процес нудиме комбинација од ригорозен академски пристап и мотивација за стекнување на нови знаења кои се засновани на предизвиците кои ги овозможуваат информатичките технологии. Студиската програма по информатика обезбедува најнови стручни и научни знаења од следните области: програмирање и програмски јазици, бази на податоци, компјутерски мрежи, софтверско инженерство, криптографија, оперативни системи и веб програмирање. Студиската програма е целосно усогласена со европските стандарди во однос на барањата за упис, времетраењето на студиите, условите за премин во следната година, начинот на оценување, студирањето и добивањето на диплома. Наставата е целосно интерактивна, се изведува со најсовремени методи во модерно опремени компјутерски лаборатории. Стекнувањето знаење на нашиот Факултет е во чекор со развојот на информатичката технологија во светот и е во согласност со барањата кои произлегуваат од практичната примена во овие области. Акцентот е ставен на практична работа и совладување на потребните вештини за најатрактивните занимања во нашата земја и во светот. Дипломираните студенти на нашиот Факултет работат како програмери и професионален персонал во софтверски фирми во Северна Македонија, Турција и Европа. Меѓународниот карактер на нашиот Факултет се рефлектира преку големиот број на студенти од земјата и странство. Дел од дипломираните студенти на нашиот Факултет со стекнатото знаење успешно го имаат продолжено своето понатомошно образование на последипломски студии во повеќе европски земји, што е потврда за нашата посветеност и стремеж за оформување на квалитетен кадар кој знае да го примени своето знаење во практика.

 

..

Доц. д-р. Арафат УСЕИНИ

 

Доц. д-р. Владимир ГРУПЧЕВ

 ..

Д-р Фехми СКЕНДЕР

 Д-р. Аффан ХАСАН

 м-р Илкер АЛИ

   м-р Eргин ДИКО

м-р Мусаб ИБРАХИМ

 

 

..

 

 

.. ..

Etiket:

Академски Соработки